TERENI

Политика за приватност

Son güncelleme: 10 јули 2026 г.

Собираме само она што е потребно за да работи резервацијата. Ова е целосната листа — без ситни букви.

Кој е одговорен

Контролор на податоците е [ЗАГРАДИ]. За сè околу твоите податоци пиши на vasil.brezovski@gmail.com.

Работиме согласно Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија (усогласен со GDPR).

Што собираме и зошто

При резервација:

Кој ги гледа податоците

Теренот што го резервираш го гледа твоето име, телефон и терминот — тоа му треба за да те пречека. Други терени и други корисници не ги гледаат твоите податоци.

Технички обработувачи: Supabase (база, Франкфурт, ЕУ), Vercel (хостинг) и Brevo (е-пошта и СМС потврди, ЕУ). Не продаваме ниту споделуваме податоци за маркетинг.

Аналитиката е без колачиња и не те идентификува лично.

Колку долго ги чуваме

Податоците за резервација се чуваат додека се потребни за евиденција на теренот. IP-записите за заштита од злоупотреба се бришат автоматски по краток период.

Твои права

Имаш право да побараш увид, исправка или бришење на твоите податоци. Пиши на vasil.brezovski@gmail.com и ќе постапиме во рок од 30 дена. Имаш право и на приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци.

Безбедност

Пристапот до податоците е ограничен на ниво на база (row-level security), целиот сообраќај е шифриран (HTTPS), а теренот гледа само свои резервации.